Со вино, музика и емоции заврши првото издание на Вински фестивал Битола

Со многу емоции, благодарност и позитивна атмосфера заврши првото издание на Вински фестивал Битола, манифестација која во изминатите денови собра голем број посетители, љубители на виното, музиката и добрата забава.

Организаторите преку емотивна објава порачаа дека годинашниот фестивал претставува само почеток на една нова и убава приказна за Битола, најавувајќи дека настанот ќе продолжи да расте и во иднина.

Во пораката тие изразија голема благодарност до сите посетители, винарии, музичари, партнери, пријатели и членови на организацискиот тим, кои со својот труд, енергија и поддршка придонеле фестивалот да добие посебна атмосфера и успешно да биде реализиран.

„Со многу емоции, гордост и благодарност ја спуштаме завесата на првото издание на ‘Вински фестивал’ Битола. Ова беше само почеток на една убава приказна“, порачаа организаторите.

Фестивалот понуди богата винска понуда од домашни винарии, музичка програма и дружење во центарот на Битола, а според реакциите на посетителите, настанот оставил силен впечаток и создал атмосфера што многумина сакаат повторно да ја доживеат.
Од организацијата најавуваат дека наскоро повторно ќе следува ново издание, со уште повеќе вино, музика и незаборавни моменти за посетителите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content