Алиу: Продолжуваме со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

– Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при што се реализирани над 1.250 вработувања во јавноздравствениот сектор, од кои значителен дел се медицински сестри. Во насока на подобрување на економската состојба на здравствените работници, минатиот месец е потпишан колективен договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој е предвидено покачување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за натамошен раст на платите во наредниот период, истакна министерот Алиу во обраќањето на свечената академија, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ЗМСТАМ.

Министерството останува посветено на континуирана надградба на здравствената инфраструктура, унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content