Мицкоски на отворањето на Плазма – Спортски игри за млади: Спортот е иднината на Македонија

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија,“ порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да го поддржува спортот и младите генерации.

На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во различни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

Министерот за спорт Борко Ристовски додаде дека игрите не се само натпревар, туку и можност секое дете да почувствува што значи да биде дел од тим.

-Спортот не е привилегија, спортот е право на секое дете – рече тој, нагласувајќи дека државата вложува во младите, инфраструктурата и локалните институции за да гради здрави генерации.

Свечениот почеток беше означен со палење на пламенот на плоштадот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content