Еве кога ќе се воведе „Сејф сити“ на територијата на цела државата

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека до крајот на годината, системот „Безбеден град“ ќе биде целосно имплементиран на територијата на цела Македонија.

Тој истакна дека секој граѓанин има право да живее во побезбедна средина и дека новиот систем веќе покажува позитивни резултати во зголемувањето на сообраќајната безбедност.

„Како што се создаваат техничките услови на локално ниво, системот веднаш се става во функција. Нема да се чека истовремена имплементација во сите градови“, појасни Тошковски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content