Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – нова фаза во развојот на македонскиот електроенергетски систем

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа во присуство на високи владини претставници, институции, енергетски компании и меѓународни партнери.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање истакна дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот претставува нова фаза во развојот на националниот електроенергетски систем и клучен механизам за зголемување на неговата флексибилност и ефикасност.

„Овој процес во минатото беше сериозно забавен поради институционални слабости иvнедостаток на стратешки фокус. Со јасна политичка волја, силна координација и посветена работа на сите институции, успеавме да го откочиме и да го реализираме овој важен сегмент од пазарот“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека Интрадеј пазарот овозможува управување со електричната енергија во реално време, што е од особено значење во услови на динамичен енергетски систем.

„Во време кога секој мегават-час е важен, овој пазар претставува сигурносен механизам кој носи флексибилност и стабилност. Компаниите добиваат можност да ги прилагодуваат своите позиции непосредно пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланс и поефикасно да управуваат со производството и потрошувачката“, потенцираше министерката.

Божиновска истакна дека новиот пазарен сегмент има клучна улога и во процесот на енергетска транзиција, особено во интеграцијата на обновливите извори на енергија.

„Со Интрадеј механизмот, варијабилноста на сонцето и ветерот повеќе не претставува ризик, туку можност за развој. Ова е важен чекор кон зелена, одржлива и конкурентна енергетика“, рече таа.

Министерката потенцираше дека ова не е крајна цел, туку почеток на следната фаза – целосна интеграција на македонскиот пазар со европскиот.

„Веќе од утре, фокусот го насочуваме кон пазарно поврзување (Market Coupling) со соседните земји, што ќе обезбеди поголема ликвидност, пофер ценовни сигнали и дополнителна заштита на домашните компании од трошоците поврзани со ЕУ механизмите, вклучително и CBAM“, истакна Божиновска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content