Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево

Температурите низ целата држава утрово се над нула. Најстудено било во Берово каде се измерени два степена, а најтопло во Виница, Крушево и на Зајчев Рид во Скопје каде утринската температура е 10 степени.

За денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и ветер од јужен правец кој ќе биде позасилен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Веќе од утре од попладневните часови се најавуваат повторно локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content