Непочит и очај на инстант-патриотот Филипче: Скандалозни инсинуации, лаги и ширење омраза пред гробот на Делчев

Нов ден, нова мизерија и крунски доказ за очајот, уплавот и паниката во која се наоѓаат Венко Филипче и врхушката на СДС.

Денеска, на ваков голем и торжествен ден, при одбележувањето на 123-годишнината од смртта на македонскиот апостол на слободата, горостасот и великан Гоце Делчев, „лидерот“ на СДС не успеа да се надмине себеси и уплавот кој, очебијно, не им минува по најавата на премиерот дека има чувство дека поранешни премиери, министри и функционери наскоро ќе одговараат за сторените злодела, криминал и висока корупција во 7-годишното владеење.

Со сиот ум, без срам и перде, крајно некоректно Венко денеска пред црквата Свети Спас, каде се наоѓа гробот на македонскиот великан, не издржа политикантски и инфантилно  да „поентира“ и со кочијачки, уличен речник ги нападна политичките опоненти давајќи безобразни споредби со Гоце Делчев и правејќи инфантилни инсинуации, манипулации и лаги. Ниту во ваква ситуација,  во која секој нормален би се извадил на големината на денот и моментот, Филипче не можеше да го победи Венко, пак. Наликуваше како малтене да е на иљачот на Шмрчко. Не сфатил ли, дека направијата на Јон може само да им го обели носот, но не и образот?

Без трошка усул, паничниот и очаен чувар на тронот на Заев го испогани денот и името на великанот, та мизантропски свреска:

„За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов „наследник“, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата Христијан Мицкоски. Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат.

Ние од СДСМ ја чествуваме годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев со длабока почит кон неговата идеја – слободна и праведна Македонија. Во чест на борбата на Гоце Делчев, на граѓаните им порачуваме: наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста и некои подобри времиња и идеали за кои се бореше Гоце Делчев. СДСМ продолжува со својата заедничка борба заедно со граѓаните за враќање на власта во рацете на народот, за демократска и европска Македонија – праведна и слободна земја каква што ја сакаше Гоце Делчев“, свреска пренесувајќи гола проекција на она што го чека него и врхушката на СДС човекот чија партија е најголемата временска непогода за Македонија, партија која 35 години е најголемиот проблем за Македонците.

Венко, собери се човеку, колку и да си во уплав од она што следува. На ваков голем и торжествен ден да тресеш вакви глупости и да шириш омраза и поделби меѓу Македонците со злоупотреба на ликот и делото на великанот Гоце Делчев е вистински подрум на дното. Поподрум, здравје.

И сега, како и секогаш кога глуми патриот, Венко наречен Заев Трети и Кралот зајдисонце не ја употребуваше навредливата придавка која со Заев и ја наметнаа на Македонија, а пред неколку дена неговиот член на највисокото тело ИО – Рубин Земон зборуваше погрдно за истиот тој великан Делчев, за кој зевзекот Пендаровски викаше дека е Бугарин.

Сите овие горенаведени глупости се кажани од лик кој треснал над 500.000 ерва за златна виза во Дубаи овенчан со „славата“ на Модуларната болница, Онкологија, лиценци за марихуана, рекет врз Жан Митрев, подарено Ауди Q8 од 130.000 евра и „непостоечки“ вили на Нерези кои сите знаат каде се, освен Заев Трети.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content