Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое утре и задутре во Лусака, Замбија, ќе се одржи глобалната конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

Светскиот ден на слободата на медиумите е воспоставен врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година. Се одбележува од 1993 година, секогаш на 3 мај, а целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.

Како ден за одбележување е годишнината од усвојувањето на Декларацијата Виндхоек за промовирање на независно и плуралистичко африканско новинарство од 1991 година, донесена од африканските новинари во градот Виндхоек, Намибија.

Како што наведува УНЕСКО на својата интернет страница, со поттикнување на пристапот до сигурни информации, одговорност, дијалог и доверба, слободата на медиумите и независното новинарство се клучни за мирот, економското закрепнување, одржливиот развој и човековите права.

Според Извештајот за светските трендови на УНЕСКО во периодот 2022-2025 година, слободата на медиумите доживеа најголем пад од 2012 година. Овој пад е споредлив со оној што се забележува во најнестабилните периоди од 20 век – двете светски војни и Студената војна.

Словенечкото здружение на новинари (ДНС) покрена платформа на која може да се пријавуваат напади врз новинари, било физички или вербални.

-Манипулацијата со информации, вклучително и употребата на вештачката интелигенција од страна на злонамерни актери, ја ослабува довербата и националната безбедност. Истовремено, независните медиуми се соочуваат со се поголема економска кревкост. Самоцензурата порасна за повеќе од 60 отсто, поттикната од страв од одмазда, онлајн вознемирување, судско заплашување и економски притисок. Светскиот ден на слободата на медиумите 2026 е критичен момент за повторно потврдување на слободата на изразување и усогласување на новинарството, технологијата (вклучувајќи ја вештачката интелигенција) и актерите за човекови права околу практични начини за зајакнување на информациските екосистеми за иднината, наведува УНЕСКО.

ЕУ: Слободата на медиумите е клучна за демократијата, новинарите мора да бидат заштитени во секој момент

Европската Унија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите кој се одбележува на 3 мај, порача дека слободните и независни медиуми претставуваат темел на секое демократско општество и оти новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content