ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се во тотален хаос, декларативно проевропски но реално без правец и стратегија

СДС на чело со Венко Филипче се тотално изгубени и во политичка магла. СДС и Филипче се без концепт и без јасна стратегија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерието на Венко нема крај. Секој ден на прес-конференции растура пердува, а кога има можност за прашања и соочување тогаш бега.

Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот.

Европската реторика на СДС и Филипче е без план и без правец. СДС и Филипче декларативно се проевропски но реално се без правец и стратегија обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг.

СДС повеќе не може да се крие зад празната флоскула „проевропски“. Зад таа реторика нема ниту конзистентност, ниту кредибилитет, туку политички опортунизам и предавства.

Венко Филипче со неговата реторика се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат, без да постави никакви црвени линии.

Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт.

Филипче отворено најавува подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата. Тоа е конзистетност на истата политика на отстапки како Зоран Заев и останатите кои поради нивната сервилност, ја ставија Македонија во ситуација да се соочува со блокада на патот кон ЕУ.

СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат, сè што е македонско, идентитетот, јазикот, историја и културата само поради една цел, за да дојдат на власт.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content