ВМРО-ДПМНЕ: Фактите од Брисел ги разобличија дезинформациите на СДС, ИПАРД продолжува и не е блокиран, а Реформската агенда напредува
СДС континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДС и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и институциите продолжуваат со фокус на реформските процеси, стабилна реализација на европските програми и забрзување на евроинтегративниот пат на државата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
