Филипче исчезна од Собранието, но е активен на X – попладнево ја напушти Македонија и замина за Франкфурт
Додека во Собранието на Република Македонија се одржуваат пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче во салата го нема и лета за Франкфурт.
Првиот човек на СДСМ Филипче денеска отсуствуваше од седницата за поставување на пратенички прашања. Тој само два пати твитна на социјалната мрежа X, а според нашите информации претрседателот на социјал демократите денеска, попладнево на напуштил Македонија и замина за Франкфурт, но не се знае дали тоа му е последната дестинација или со летот можеби ќе продолжи накај Блискиот Исток.
Имено, Филипче државата ја напуштил денеска попладне околу 15 часот.
Од ваквото негово однесување неможе ништо да се заклучи, освен тоа колкава му е „грижата“ за државата.
Претходно, Филипче не остана должен и повторно ја нападна Алфа ТВ. Имено, агресивниот и девалвирачки однос на Венко Филипче и СДСМ кој трае повеќе месеци го даде и својот прв резултат. Понижувачкиот однос кон новинарите, заканите и девалвациите ќе имаат подолготрајни последици и ќе бидат дел од следните извештаи на светските органзиации и институции.
На оценката, верувале или не, Филипче одговори со нов напад врз ТВ Алфа на мрежата Х.
„Целата мрежа, особено ТВ Алфа, сигурно е многу горда на овие резултати. Браво!“ напиша Венко, очигледно не сфаќајќи дека критиките на РСФ се упатени кон политичарите, кон него, а не кон еснафот и новинарите. Или пак го конзумирал илјачот на Шмрчко, па во еуфорија кажал што кажал?
Се оствари она на што медиумските експерти и новинарски здруженија долго време предупредуваа. Беше само прашање на време кога субверзивното дејствување на Филипче и СДСМ кои се во постојана војна со медиумите ќе резулира и со шлаканица на некоја од светските организации. Предупредувањата се обистинија – Македонија падна за 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и сега е во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“. Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41), Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), а Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба.
Норвешка го задржува првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред. Сирија по Асад бележи најголемо подобрување од сите земји со скок од 36 места во рангирањето.
