Три години затвор за гинекологот Асани

Тригодишната затворска казна за гинекологот Мухамед Асани стана правосилна откако Апелациониот суд во Битола ја одби неговата жалба и ја потврди пресудата за тешки дела против здравјето на луѓето. Со ова, останува во сила и забраната тој да ја извршува лекарската професија во наредните пет години.

Станува збор за случајот на Јалдз Веапоска од Дебар, кој ја потресе јавноста, а во кој за време на царски рез, според утврденото во постапката, биле отстранети матката, еден јајчник и бубрег.

Одлуката на Апелација доаѓа по жалбената постапка на одбраната, но судот оценил дека нема основ за измена на првостепената пресуда, со што казната затвор и споредната мерка, петгодишна забрана за вршење здравствена дејност, остануваат во целост потврдени.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content