Тошковски – Сјаојан: Зајакнување на партнерството во областа на безбедноста

Како што соопшти МВР, на средбата било изразено взаемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат позитивен развој и се темелат на заеднички принципи и интереси.

Посебен акцент бил ставен на интензивирање на активностите во борбата против илегалната миграција, како и на продолжување на редовниот дијалог и координација меѓу надлежните институции.

Соговорниците се согласиле дека стратешките цели на двете држави остануваат приоритет, при што беше истакнато дека унапредувањето на соработката ќе придонесе за нивна поефикасна реализација.

Средбата, како што се наведува во соопштението, се одвивала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои силна основа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу двете земји. 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content