МВР воведува верификација на телефон и мејл при регистрација на возила

Министерството за внатрешни работи воведува нов начин на потврдување на контакт податоците при регистрација на возила, со цел да се намалат грешките во доставувањето на сообраќајните казни преку системот „Безбеден град“.

Според новата постапка, при регистрација на возило во станиците за технички преглед или во надлежните административни служби, сопственикот ќе го остава својот број на мобилен телефон и електронска адреса. По внесувањето на податоците, на наведените контакти автоматски ќе пристигне СМС порака и е-пошта со верификациски код.

Со оваа процедура се потврдува дека оставениот телефонски број и мејл навистина му припаѓаат на сопственикот на возилото, со што се зголемува точноста и сигурноста на системот.

Од МВР појаснуваат дека промената е воведена со цел да се избегнат можни технички и административни пропусти при испраќањето на известувањата за сообраќајни прекршоци. Казните од системот „Безбеден град“ и понатаму ќе се доставуваат електронски, преку СМС порака и електронска пошта до лицето кое го сторило прекршокот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content