Манасиевски: Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет (ВИДЕО)

Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДС и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој е исто така и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува.

Почитувани граѓани, ве замолувам сите да ја проследиме изјавата на Рубин Земон.

ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува оваа изјава на другарот на Заев и Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност.

По ова, јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.

Очигледно е дека ова не е личен став само на Филипче, туку ова е образец на СДС, и ова е тоа околу што СДС постојано гравитира, релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции, и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и жртвувале, рече Манасиевски на денешната прес конференција.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content