Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик – министерката за европски прашања, Викторија Трајков, се сретнале со Македонци кои живеат во Србија.

– Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Беше истакната важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата, пишува во објавата.

Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.

– Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, се додава во објавата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content