ВРЕДИ: Мапата на казината во државата се цртала кај Артан Груби

Коалицијата ВРЕДИ обвини дека партијата ДУИ со години имала клучна улога во управувањето и ширењето на индустријата на игри на среќа, додавајќи дека денешните обиди за отворање на ова прашање претставуваат политичка манипулација.

Од ВРЕДИ велат дека е „апсурдно“ ДУИ да зборува за казината, оценувајќи дека токму тие ја претвориле оваа индустрија во, како што наведуваат, „политичка каса“. Според нив, одговорноста за лиценците и функционирањето на секторот треба да се бара во поранешните раководни структури на партијата.

„Кога ДУИ зборува за казина, во позадина стои ‘црната кутија’ на Артан Груби. Овој сектор со години беше под контрола преку негови блиски соработници, при што се користеше за политичко влијание и тесни интереси“, се наведува во соопштението.

Од коалицијата додаваат дека наместо да отвора нови теми, ДУИ треба да се соочи со сопственото минато и улогата што ја имала во креирањето на, како што велат, „картата на казината“ во државата.

ВРЕДИ порача дека прашањето за лиценците и управувањето со овој сектор треба да се разгледа низ институционални механизми, додавајќи дека, според нив, „вистината ќе излезе на виделина“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content