Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, објави Фејзбук статус во кој ја потсети јавноста, но и опозицијата, за некои ставови кои ги имаа додека беа на власт.
Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада.
= Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се контрираме. Ваквата политика која ја пишуваат Заев и Башановиќ, на СДС не му носи добро, напиша Манасиевски.
