Министерот за трговија и интеграција на Казахстан изрази задоволство од можностите што ги нуди Македонија

Висока делегација од Република Казахстан, предводена од Министерот за трговија и интеграција, Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ Скопје, при што беше посетена и фабриката Џонсон Мети.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговараше за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување на нови инвестиции и унапредување на билатералните односи.

Димовски нагласи дека оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на економските односи меѓу двете земји и континуитет на веќе воспоставената соработка од јуни минатата година.

Тој посочи дека дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува посветена на поддршка на инвеститорите и создавање услови за одржлив економски раст и нови инвестиции со висока додадена вредност.

Министерот Шакалиев изрази задоволство од можностите што ги нуди земјава, нагласувајќи дека Казахстан гледа сериозен потенцијал за зајакнување на соработката.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content