Филков пред амбасадорите на ЕУ: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството.

„Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков.

Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на Изборниот законик, усогласени со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што формираната работна група веќе одржала неколку состаноци и усвоила значаен дел од предложените решенија.

„Процесот е активен, транспарентен и насочен кон консензус. Консултациите со институциите и граѓанскиот сектор се во тек и ќе продолжат со засилен интензитет“, нагласи министерот.

Осврнувајќи се на реформите во судството, Филков посочи дека Законот за Судски совет веќе дава конкретни резултати.

„Воведовме јасни критериуми, мерливи стандарди и отчетност таму каде што претходно недостасуваа. Тоа е доказ дека реформите не остануваат само на хартија“, рече тој.

Министерот потенцираше дека клучните закони за јавното обвинителство, кои добија позитивно мислење од Венецијанската комисија, се соочуваат со предизвици во собраниската процедура.

„За жал во текот на собраниската процедура опозицијата одлучи да го блокира носењето на овој клучен реформски закон за Јавното обвинителство. Иако од наша страна беа прифатени поголем дел од нивните амандмани, наместо конструктивен придонес, за жал тие одлучија да ја закочат европската перспектива на нашата земја посочи  Филков, додавајќи дека „одговорноста за европската иднина е заедничка, а нашата определба останува непоколеблива.”

Истовремено, Министерството за правда продолжува и со други системски решенија:

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content