Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

Во периодот што го минуваме најголемиот дел од активностите ги посветуваме на надминување на ценовната криза на горивата, што е значаен инпут и има влијание врз цените на производите важни за граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

„Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се резултат на внатрешни политики, туку се последица на геополитичките случувања, особено кризите на Блискиот Исток и нарушувањата на светските пазари. Во вакви услови, одговорноста на секоја влада е навремено да реагира и да ги амортизира последиците врз граѓаните и економијата.

Она што е важно да се истакне е дека нашите политики не се изолирани, туку се во целосна линија со светските трендови.

Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои промениле најмногу работи и примениле највеќе мерки за справување со ценовните шокови“, додаде во изјавата.

„И токму тоа може да го видиме овде на слајдот, инаку се сеќавате дека изминатиов период СДС и останатите коалициони партнери во поранешната влада како што е ДУИ велеа дека доцниме со мерките, дека тие мерки не биле доволни итн., но според ММФ податок објавен на 15ти Април, а тоа е пред четири дена можете да забележите дека ние како држава сме на третото место според мерките коишто сме ги примениле како процент од БДП во Европа. Лажеа за мигранти, лажеа дека ќе сме банкротирале, лажеа дека ќе нема за пензии, уште што ли се не излажаа, па така излажаа и за мерките коишто ги применивме и подготвени ја пречекавме енергетската криза којашто ќе повторам не зависи од нас, туку зависи од гео-политичките, светски случувања. Од слајдот можете да видите и дека практично како држава сме на третото место и тоа е нешто коешто во минатото за владата на СДСМ и ДУИ претставуваше нешто коешто е невозможно, нотира Мицкоски.

Ефектите од овие политики денес се јасно видливи.

„Кога има ценовно корегирање на светските берзи и ние како влада исто така реагираме со ДДВ-то и акцизата. Такви бие и вчерашните одлуки на владата.

И согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Истовремено, останува во сила онаа мерка којашто ја договоривме веќе со ОКТА, а тоа е а имаме попуст до крајот на Април месец на бензините за 2 денари по литар, а за дизел горивото да биде 3 денари по литар. Со тоа повторно можеме да заклучиме дека сме држава којашто има најниски цени на горивата во регионот. На следниот слајд можете да забележите кои се цените на горивата во регионот. Во Македонија тие се движат од 1,27 до 1, 31 евро цент за литар. Во соседна Грција е 2,06, во Албанија е 2,07, во Србија 1,63, Косово 1,42, Бугарија 1,47, Црна Гора 1,55, Босна 1 ипол, Хрватска се движи од 1,66 до 1,88 и Словенија 1,62. Убедливо најевтини цени. И она коешто го слушам изминативе денови, а исто имав можност да слушам накратко едно интервју дадено од претходниот претседател на владата, господинот Ковачевски дека и тогаш кога била кризата во 2022 сме имале најниски цени во регионот што е лага, не е вистина, не се такви цените тогаш во 2022 година и ќе ве потсетам тогаш инфлацијата беше со двоцифрен број проценти на месечно ниво, сега е 4,9 поради тоа што минатата година во истиот тој месец имавме мерки, така што основата со којашто се споредува е прилично ниска и тие мерки траеа и овој месец бидејќи минатата година Велигден беше на 21 Април. Се сеќавате имавме рамазанска и велигденска кошница, така што очекувам веќе од месец мај работите да доаѓаат на нивото коешто ги очекуваме, порача Мицкоски.

„Тоа е нешто што претставува успех бидејќи покрај влезната цена на горивото којашто зависи од цените на берзите, односно цената на плац, за нас репер е Италија, зависи и од внатрешните политики и мерките коишто ги презема.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content