Управниот суд ја прифати жалбата на пратеникот Здравковски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски објави дека денеска бил информиран дека Управниот суд ја прифатил неговата жалба поднесена по, како што вели тој, една бесмислена одлука и измислен предмет од МВР од 08.07.2022.

-Предметот беше толку мизерен, со обвинение за поставување на “објекти” на блокада кај Сарамзалино на која “организатори” бевме ние двајца како пратеници од опозицијата, иако сѐ беше навремено најавено, ама ете, тие решија дека не било. Поради овој предмет за прв пат влегов во суд, не затоа што беше нешто којзнае колку висока казната, туку од инает за да докажам дека сум во право. Денес кога ќе направам есап повеќе пари сум дал по жалби и поплаки отколку висината на казната, ама чувството на победа над неправдата е непроценливо, објави Здравковски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content