Полицијата во 24-часовен ‘Speed Marathon’: Засилени контроли за брзина на патиштата низ целата држава

Македонската сообраќајна полиција, во рамки на Европската мрежа ROADPOL, од денеска е дел од големата меѓународна акција „Speed Marathon“ насочена кон контрола на брзината на возење. Во период од 24 часа, почнувајќи од полноќ, па сè до истото време утре, полициски екипи се распоредени низ целата држава со засилено присуство на патиштата.

Акцијата не е замислена исклучиво како репресивна мерка, туку пред сè како превентивна иницијатива. Со однапред познати точки на контрола, целта е возачите да се поттикнат на поголема внимателност и дисциплина во сообраќајот, како и да се подигне јавната свест за ризиците што ги носи неприлагодената и прекумерна брзина.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content