Маѓар: Добрите односи и соработката со Македонија остануваат приоритет

Иако во Унгарија се најавува политичка промена, новиот лидер Петер Маѓар одржува континуитет кога станува збор за односите со Македонија. Тој јасно стави до знаење дека стратешкото партнерство меѓу двете земји нема да биде доведено во прашање, без оглед на смената на власта.

Говорејќи пред јавноста, Маѓар потенцираше дека новата влада нема автоматски да ги прекине или разниша воспоставените врски со државите со кои актуелниот премиер Виктор Орбан изградил блиска соработка. Наместо тоа, најави стабилен и предвидлив пристап во надворешната политика.

Воедно, тој подвлече дека неговиот кабинет ќе се воздржи од вмешување во внатрешните прашања на други земји, вклучително и Македонија. Паралелно, Маѓар сигнализираше подготвеност за ресетирање на односите со државите каде што во минатото дошло до заладување, со цел воспоставување поотворен и поконструктивен дијалог.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content