„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во Скопје, кое се случи за време на велигденските празници.

„Овој чин е целосно неприфатлив и заслужува најсилна осуда, објави 4news.mk Во нашето општество нема место за вакви дела“, порача Муцунски.

Тој информираше дека надлежните институции веќе започнале истрага за случајот и нагласи дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Воедно, министерот потенцираше дека Македонија останува посветена на вредностите на толеранција, соживот и мултиетничка хармонија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content