Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод големиот христијански празник Велигден, им посака на верниците среќни празници, среќа, здравје и љубов во нивните домови. Тој, на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје,

-Ова се празници кога и смислата на нашето постоење се гледа преку овој празник, но и суштината на нашиот живот, моменти кога треба да се обединиме како народ, изјави Ѓорѓиевски по литургијата.

Ѓорѓиевски порача дека Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот.

Ден кога човештвото ја добива најголемата утеха и најсилната порака, дека љубовта Божја е посилна од сè и дека секое страдање има своја смисла, а секоја жртва, своја светлина.

Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе.
Деновите што изминаа беа време на тишина, преиспитување и духовно очистување, пат што нè води кон обновување на душата.
Токму затоа денес, со чисто срце и отворена душа, го славиме Воскресението Христово, носејќи ја во себе радоста што нè обединува и нè прави подобри луѓе.

Нека овој светол празник ни донесе здравје, љубов и благосостојба, нека ни ја зацврсти верата и нека нè поттикне на добрина, разбирање и човечност.

Да си подадеме рака еден на друг, да простиме, да помогнеме и да продолжиме напред со надеж и вера.

Градоначалникот, кој синоќа присуствуваше и на вечерната богослужба во Соборниот храм каде беше објавено Христовото Воскресение, порача дека Велигден потсетник дека Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина.

-Денес го славиме животот, победоносен, светол и вечен, затоа што Тој со Својата жртва ја победи смртта и ни подари надеж што никогаш не згаснува. Нека овој животворен ден биде потсетник дека Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина. Во Неговата светлина, сѐ добива нова смисла, сѐ станува поубаво, подлабоко и повеличенствено. Да ја прегрнеме Пасхалната радост со отворено срце, да ја почувствуваме нејзината сила и да дозволиме светлината на Воскресението да нè води кон љубов, кон мир и кон вистинска духовна исполнетост. Честит Велигден! Да сте здрави, живи и благословени!, објави синоќа Ѓорѓиевски на неговиот Фејсбук профил. (МИА)

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content