Честитка од градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

Почитувани сограѓани, драги православни христијани,
По повод најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за здравје, среќа и благосостојба. Празничните денови поминете ги во мир, љубов и сплотеност со вашите најблиски.
Велигден е празник на надежта, верата и новиот почеток, кој нè потсетува на вистинските вредности, хуманоста, почитта, добрината и солидарноста. Време кога треба да шириме љубов, да правиме добри дела и да бидеме поддршка едни на други.
Да ја негуваме традицијата, да ја чуваме верата и заедно да продолжиме да градиме посилна и обединета општина, со почит кон нашето културно наследство и со верба во подобра иднина за сите генерации.
Нека светлината на Христовото Воскресение донесе мир, радост и благослов во секој дом.
За многу години!

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content