Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Целта на Меморандумот е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон.

Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес.

Со документот е регулирана и примената на стандардите за безбедност и доверливост при размената на информации.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content