Преку американската програма Фалкон ќе се штити дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија

„Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата FALCON (Foreign Assistance Leveraged for Cybersecurity Operational Needs). Во рамки на оваа поддршка ќе бидат спроведени сеопфатни проценки на сајбер-безбедноста на критичната инфраструктура и други важни мрежи, со цел идентификација на ранливости, препорака на конкретни мерки за нивно отстранување, поддршка при носење одлуки за набавка на современи и доверливи сајбер-безбедносни решенија“, пишува во соопштението од Министерството.

Дополнително, како што наведуваат, предвидено е ангажирање на сајбер советници, кои веќе се во контакт со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за одбрана, со цел зајакнување на националните капацитети за сајбер-одбрана, подобрување на оперативната подготвеност и зголемување на отпорноста на институциите.

„Воедно, САД најавија и поддршка во износ од 5 милиони долари преку програмата за странска помош, наменета за развој на сајбер-капацитети и унапредување на заштитата на одбранбената инфраструктура преку обезбедување опрема и обуки. Овие активности се во целосна согласност со националните приоритети за дигитална трансформација и сајбер-безбедност, вклучително и имплементацијата на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028, како и усогласувањето со европските стандарди, особено со директивата NIS2“, дополнуваат оттаму.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content