Заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД: Значаен исчекор во зацврстувањето на трансатлантските врски

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет.

Во изјавата се нагласува зајакнатата соработка во клучни области, вклучително енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста во рамки на НАТО, како и сајбер и дигиталната отпорност. Посебен акцент е ставен на енергетската диверзификација и зголемувањето на сигурноста на снабдувањето со природен гас, како и на унапредувањето на инвестициската клима и трговските односи .

„Двете земји ја потврдуваат заедничката посветеност за зајакнување на одбранбените капацитети и придонесот во рамки на НАТО, како и за поддршка на Украина. Воедно, се предвидуваат конкретни активности за унапредување на сајбер безбедноста, преку техничка помош, проценка на критичната инфраструктура и јакнење на институционалните капацитети“,  соопшти МНРиНТ.

Во делот на безбедноста, во заедничката изјава се нагласува и интензивирање на соработката во справувањето со транснационалниот криминал, нелегалната миграција и зајакнувањето на граничната безбедност, со конкретна финансиска и техничка поддршка за институциите.

Дополнително, во рамки на дијалогот биле договорени иницијативи за заштита на културното наследство, како и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

Од МНРиНТ посочуваат дека Стратешкиот дијалог претставува значаен исчекор во зацврстувањето на трансатлантските врски и ја потврдува улогата на Македонија како кредибилен сојузник и партнер на Соединетите Американски Држави.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content