Пешевска: Опозицијата прави евтин театар наместо да се грижи за жените жртви на насилство

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска дебата за заштита на жените од насилство, јавноста видела обид за евтин политички перформанс.

Пешевска обвини дека опозициските пратенички се појавуваат само кога има камери, а често отсуствуваат кога се носат клучни одлуки.

Таа потенцираше дека темата за заштита на жените не смее да биде алатка за дневна политика и дека институциите им должат заштита на сите жени, на секој јазик.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content