Температурен шок за Велигден – еве какво време нѐ очекува!

Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија, објави метео прогнозерот Славчо Попоски.

– Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег и исклучително ладно време. Исклучително ладно време барем одсега гледано прогностичките модели цртаат и на 12 април ден Велигден, прогнозира Попоски.

-Секако дека промени околу ова можно сценарио се можни и искрено се надевам на промени и дека токму ова сценарио нема да ни се случи зошто и тоа како не ни е потребно сега. Конечна метео анализа за тоа какво време не очекува за Велигденските празници и на ден Велигден ќе објавам во следните неколку денови. Исто така јас постојано со секое ново ажурирање на прогностичките модели ќе ве информирам за состојбата на прогностичките модели за Велигденските празници и за ден Велигден, објави прогнозерот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content