Ковачки им додели плакети за благодарност на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денес им додели плакети за благодарност на неговите претходници.

-Денес имав чест да бидам во друштво на луѓето кои со својата посветеност, труд и љубов кон организацијата оставиле длабока трага. Им доделив плакети за благодарност на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Војо Михајловски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Емил Димитриев и Ѓорѓија Сајкоски како признание за нивниот значаен придонес и долгогодишен ангажман. Остануваме обединети, заедно со искуството и енергијата што ја носиме, истакна тој.

Средбата претставува значаен момент на заедништво, искуство и континуитет. Во време кога предизвиците се сериозни, ваквите средби се потсетник дека силата на една организација лежи во нејзините луѓе, вредности и историја.

-Размената на мислења, идеи и искуства меѓу луѓето кои ја граделе партијата низ годините е од непроценливо значење за идните чекори. Единството и посветеноста кон заедничката цел остануваат приоритет. На оваа средба беше изразена јасна и недвосмислена поддршка за претседателот Христијан Мицкоски, како креатор и двигател на сегашните и идните политики и развој на татковината Македонија. Со мудроста од минатото и енергијата за иднината, продолжуваме напред. За Македонија, За ВМРО-ДПМНЕ, порача Ковачки.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content