ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДСМ, предметите ги користела за уцена

Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва – вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, со кое реагира на нејзината оставка и на нејзиното образложение за таа одлука.

„Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.

Не навлегувајќи во нејзината реакција и процедурите во обвинителството кои се нивна работа и одлука, сепак не можеме да споменеме една дилема која ни се јавува додека ја гледаме како мисли дека народот заборавил на Катица Јанева и трите грации од кои очекуваа правда и наместо правда добија Луј Витон афера, но ако беше Ленче Ристоска обвинител со вредности и критериуми и личност која не е врзана со СДСМ и Заев ќе имаше бар еден случај со кој ќе го докажеше тоа. Ќе имаше бар еден случај со кој ќе докажеше дека сака правда или ако ништо друго ќе се обидеше да провери барем една од стотиците наши индиции за сторен криминал на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Наместо да ги амнестира оние кои ја направија обвинител во СЈО, СДСМ и ДУИ, и да глуми жртва апелираме до нејзе да сфати дека моралот не е само збор туку е во својата суштина однесување и делување. Дела, а не зборови. Нејзините зборови ќе имаа поголема смисла ако зад нив имаше дела.

Иако според она што е образложено предметите Талир се предадени на обвинител кој е од обвинителство кое има стварна надлежност над нив, наместо да се заради било каква, а веројатно и партиска подобност држени надвор од секоја логика кај Ристова, како што обвинителството под контрола на СДСМ и ДУИ ги држеа кај нејзе со години, за да го држи уценето ВМРО-ДПМНЕ со ненормално долги постапки. На пример постапките за Талир траат 10 години и ако правдата функционираше досега ќе имаа епилог, било каков. Ние не навлегуваме во епилогот туку дека требаше да го има. Ако има вина пресуда, ако нема ослободување. Но не. Нема епилог, туку се добива впечаток дека Ристоска ги држеше кај себе за да ВМРО-ДПМНЕ биде уценето.

ВМРО-ДПМНЕ исто како и целиот народ очекува правда, владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата без разлика на функција, партиска, етничка или било каква друга припадност. Кој згрешил, кој прекрши закон мора да одговара. Затоа овие обиди на Ристоска да глуми жртва ги сметаме за нејзиното дополнително одработување против правдата во Македонија и во заштита и обид за дефокусирање на темата од криминалите на СДСМ и ДУИ и обид да се продолжи перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи со праксата за перцепциска вина на партијата, кои СДСМ и ДУИ го правеа со години, за да ги кријат своите криминали и за да ги прават предавствата на народот и државата. Ова фрлање пердуви, иако и самата знае дека не е аргументирано и не е правно и праведно, е само уште еден доказ за нејзините намери и цели.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content