60 нови камери за заштита на природата и дивиот свет поставени во Националниот парк Маврово

Националниот парк „Маврово“ се обидува да подигне нов стандард во заштитата на природата и безбедноста на посетителите преку воведување на современ систем за видеонадзор. На 60 критични локации низ територијата на паркот, новите камери ќе ги следат дивите животни, нивното движење и популациските промени, како и активностите на луѓето.

Според надлежните од управата на паркот, видеонадзорот ќе служи не само за научен мониторинг на екосистемите и биолошката разновидност, туку и за превенција од незаконски дејствија – од бесправна сеча и лов до загадување и уништување на природните ресурси. Со овој систем, алармните служби ќе можат да реагираат навремено и да спречат штета врз природното богатство.

„Овој проект е во целосна согласност со нашите законски обврски за заштита и одржливо управување со паркот“, истакнуваат од НП „Маврово“. Тие апелираат до сите посетители да ги почитуваат правилата за движење и престој во паркот, да се однесуваат одговорно и да ја чуваат природата која го прави Маврово уникатно.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content