Започна процесот на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7).

Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на креирање политики.

Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува значаен механизам за унапредување на демократското управување и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните.

„Партнерството за отворена власт претставува важен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во креирањето политики. Преку оваа иницијатива се создаваат предуслови за политики кои се поинклузивни, поефикасни и ориентирани кон реалните потреби на општеството“ истакна министерот Минчев.

Тој нагласи дека суштината на процесот се темели на партнерство меѓу институциите и граѓанското општество, што овозможува заедничко дефинирање на реформските приоритети и градење одржливи политики.

„Отворената власт не е цел сама по себе. Таа е средство за подобро управување, за поквалитетни политики и за институции кои работат во интерес на граѓаните. Нашата заедничка цел е да изградиме систем во кој транспарентноста, отчетноста и учеството ќе бидат стандард во работењето на институциите, а не исклучок“ нагласи министерот.

На конференцијата се обрати и националната координаторка за Партнерство за отворена власт во Министерството за јавна администрација, Гордана Гапиќ Димитровска, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, како и Данче Даниловска-Бајдевска, координаторка на Мрежата на граѓански организации за ПОВ при Фондацијата Метаморфозис.

Гапиќ Димитровска истакна дека процесот на ко-креација претставува можност за заедничко утврдување на приоритетите и креирање политики кои директно одговараат на потребите на граѓаните.

„Денес го започнуваме циклусот на ко-креација кој се темели на отворен дијалог и активно учество на сите засегнати страни. Целта е преку партнерски пристап да ги идентификуваме приоритетите и да креираме заложби што ќе дадат конкретен одговор на потребите на граѓаните и ќе придонесат за поефикасни и подостапни јавни услуги“ истакна Гапиќ Димитровска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content