Високи судски претставници од Македонија во дводневна работна посета во Атина

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, отпатува за Атина на дводневна работна посета, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства со највисоките судски инстанци во Грција.

Во придружба на Костадиновски се и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, како и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според официјалната програма, македонската делегација ќе оствари средби со претставници на Врховниот суд, Државниот совет и Ревизорскиот суд на Грција, каде ќе се разговара за предизвиците и најдобрите практики во областа на владеењето на правото.

Целта на посетата е зајакнување на меѓуинституционалниот дијалог, поттикнување на соработка и обезбедување на поголема правна сигурност преку размена на искуства и информации меѓу судските системи на двете земји.

Дводневната посета, која се одвива од 1 до 3 април, е организирана на покана на Сотирос Георгијадис, судија во Апелациониот суд во Атина и привремено ангажиран во Специјалната правна служба при грчкото Министерството за правда.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content