Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 април 2026.

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии, кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.

-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk,
се наведува во објавата на МОН, во која се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

За поддршка при аплицирањето студентите може да контактираат на е-пошта: [email protected]

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат.
Овој рок е, исто така, отворен за студентите што не аплицирале во претходните активни рокови, додава МОН во известувањето.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content