Средба Мицкоски – Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета во земјава.
Мицкоски истакна дека посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји.
-Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок – објави Мицкоски.
