СИТЕ ВО ПРИРОДА на 5 ти април

Природата се почитува и се сака ако ја запознаваме, се движиме и се грижиме за неа, a на таков начин се грижиме и за нашето здравје. Токму ова е причината што Планинарското Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп со поддршка на Општина Прилеп во соработка со основните и средните училишта организира голем планинарски настан на 5 април, в недела на кој што се поканети сите вљубеници во природата и во здравиот начин на живот.
„СИТЕ ВО ПРИРОДА“ е одлична можност учениците, наставниците и граѓаните заедно да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да ја почувствуваат убавината на планината. Настанот има за цел да ја поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото помеѓу младите, посочуваат организаторите.
🕗 СОБИР: 08:00 – 08:30 часот
📍 ПОЧЕТНА ТОЧКА: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
🗺 ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:
➡️ Рута: ООУ „Гоце Делчев“ – Топташ – карпа „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ (с. Селце) – Народен Театар „Војдан Чернодрински“
🥾 Должина на турата: 10 км
⛰ Тежина: лесна (погодна за сите возрасти)
🍲 Обезбеден е ручек (планинарско гравче) за сите учесници во манастирот „Св. Димитрија“ – с. Селце.
🎒 Подгответе ги ранците и доброто расположение – нè очекува ден исполнет со движење, дружење и позитивна енергија!
☎️ Контакт телефони за информации :
📞075 371 848 Христијан Секулоски
📞075 983 711 Михајло Топчиоски
📞075 258 754 Спасика Димкоска
📞071 226 870 Бранислав Попоски
📞076 507 035 Борче Мирчески
📞078 544 253 Кире Тошески
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content