Конкурсот за средношколски уписи во учебната 2026/2027 година е отворен: Над 25.000 слободни места

Министерството за образование и наука објави дека почнува уписот во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година, со вкупно над 25.000 слободни места. Најголемиот дел од нив, повеќе од 17.000, се наменети за стручно образование, додека речиси 6.000 се во гимназиска насока, а за уметничките училишта се обезбедени 570 места.

Процесот на пријавување ќе се одвива електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки на schools.mk. Потоа, кандидатите ќе треба да ја достават потребната документација директно во училиштата каде што се пријавиле.

Јунскиот уписен рок ќе се реализира во два термина: првиот од 12 до 15 јуни, а вториот на 23 јуни. За оние кои ќе сакаат да се пријават во август, предвидено е едно пријавување на 20 август.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content