Грција реагираше поради употребата на „Македонија“ од Меланија Трамп на самит во САД

Грчката амбасада во Вашингтон официјално реагираше кон првата дама на САД, Меланија Трамп, откако таа неодамна го употреби името „Македонија“ за да го опише нашата земја за време на говор на самит. Според објаснувањето од дипломатската мисија, станува збор за „корективна мерка“ со цел да се почитуваат правните обврски утврдени со Преспанскиот договор од 2018 година.

За време на истиот настан, на кој присуствуваше и Рози Мицкоска, сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Меланија Трамп го спомена името „Македонија“, што, според Грците, претставува дипломатска грешка. „Терминот ‘Македонија’ се однесува исклучиво на историската и географската област во Грција, па неговата употреба за суверена држава создава осетливи дипломатски недоразбирања“, наведува „Грик рипортер“.

Грчката амбасада појасни дека контактот со американските институции е воспоставен со цел идните јавни и официјални записи да ја користат точната номенклатура, „Северна Македонија“. Дипломатите предупредуваат дека игнорирањето на договореното име не само што го крши меѓународното право, туку и создава конфузија во регионот и потенцијално ја загрозува перцепцијата на грчкиот културен идентитет.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content