Американската амбасада во Скопје издаде предупредување

Американскиот Стејт департмент со глобално предупредување: Зголемена претпазливост за граѓаните

Американскиот Стејт департмент издаде ново глобално безбедносно предупредување, повикувајќи ги своите државјани ширум светот, а особено на Блискиот Исток, да бидат дополнително внимателни.

Во соопштението се наведува дека граѓаните треба строго да ги следат насоките и безбедносните известувања од најблиските амбасади и конзулати. Се предупредува и на можни повремени затворања на воздушниот простор, што може да доведе до прекини и доцнења во авиосообраќајот.

Дополнително, се истакнува дека американските дипломатски објекти, вклучително и оние надвор од Блискиот Исток, во минатото биле цел на напади, што укажува на потенцијални ризици и во други региони.

Во предупредувањето се наведува и дека групи кои го поддржуваат Иран би можеле да таргетираат американски интереси, објекти или граѓани на САД на различни локации низ светот.

Надлежните власти ги повикуваат американските државјани редовно да ги следат најновите безбедносни информации и внимателно да ги проверуваат патничките препораки пред секое патување, со цел да се намалат ризиците и да се обезбеди нивната безбедност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content