Издадена поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во чест на врвниот подвиг на доктор Сашко Кедев

Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ издаде АД Пошта – Скопје, во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев. Поштенската марка ќе биде промовирана на 2 април во 13 часот во „Порта Македонија“.

Сашко Кедев, познат македонски кардиолог, доктор на медицински науки, но и врвен алпинист, на 19 мај 2009 се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Со тоа стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот. Тој ги има искачено врвовите Мон Блан, Матерхорн, Вајсхорн…

Македонскиот алпинист и кардиолог на 20 јули минатата година испиша историја – се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствениот во поширокиот регион што ги има освоено сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри, како и највисоките планини на сите седум континенти. Експедицијата на врвот Гашербрум I (G1) беше предводена од „Imagine Nepal“, а во тимот заедно со Кедев беа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

– Врвот Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“ – објави тогаш „Imagine Nepal“.

Со ова искачување, д-р Кедев се вброи во светската алпинистичка елита. Тој досега ги има освоено и Еверест (8.848 м), К2 (8.611 м), Канченџунга (8.586 м) Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I. Покрај 14-те „осумилјадници“, Кедев претходно ги има искачено и највисоките врвови на сите седум континенти – подвиг познат како Seven Summits.

Претседателката тогаш потсети дека во период подолг од две децении, Сашко Кедев ги искачил сите 14 највисоки врвови над осум илјади метри.

На свечената церемонија тогаш Претседателката се осврна на подвизите на Кедев за освојување на највисоките врвови на светот.

– Ако во медицината д-р Кедев ги достигна највисоките професионални и хумани височини, тогаш во алпинизмот, буквално, ги освои највисоките врвови на светот. И тоа не во младешките денови на бунтовник без причина, туку во зрелата доба, како бунтовник со цел: умен, искусен, но се уште детски љубопитен, храбар, но внимателен, желен за нови подвизи, но наоружан со богато искуство, дисциплина и истрајност и … разбран и придружуван – истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката тогаш потсети дека во период подолг од две децении, Сашко Кедев ги искачил сите 14 највисоки врвови над осум илјади метри.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content