Умерен интензитет на сообраќајот, на Попова Шапка со слаби снежни врнежи

На државните патишта низ земјава сообраќајот се одвива непречено, иако на некои места коловозите се влажни. Во планинските региони, особено на Попова Шапка, се регистрираат слаби врнежи, проследени со остатоци од кашест снег, што го намалува прицврстувањето на гумите.

Возачите надвор од урбаните средини можат да очекуваат умерен интензитет на сообраќај, додека на граничните премини не се бележат подолги чекања за влез или излез од државата.

АМСМ упатува апел до сите учесници во сообраќајот: прилагодете ја брзината според условите на патот и строго почитувајте ја сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од одрони. Најкритични според сојузот се патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content