Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка

Најниска температруа од -4 стени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови, 1 степен во Kрушево, 3 во Крива Паланка и Претор, по 4 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, 5 во Скопје-Петровец, 6 во Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Велес каде е измерена температура од 7 степени Целзиусови.

Највисока снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content