ВМРО-ДПМНЕ: СДС е синоним за корупција и криминал кој допрва треба да се истражи, Филип Андов кој е осуден на затворска казна, се уште е во ИО

СДС во своите редови се полни со криминал, нивните поранешни функционери имаат бројни корупциски скандали и афери, а СДС не се огради за ниту еден од нив, напротив или молчеше или ги штитеше преку нивните обвинители избрани во Зајас и Струмица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

„СДС е партија која штити криминал и криминалци. Актуелен член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол е осуден на затворска казна. СДС не се огради, туку и го награди да биде член на ИО.

СДС е партија во која цути криминалот и корупцијата.

Корупциските скандали на екс владата на СДС и ДУИ, почнаа уште со формирањето на истата, тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски кој договараше набавка за радар за контрола на летање од италијанската фирма Леонардо за корупција од 1 милион евра, е доказ за тоа.

Посебно симптоматичен беше молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

СДС е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има“, се наведува во реакцијата од владејачката партија.

Дали да потсетуваме за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра.

Дали да потсетуваме за бизнис шемите на Вице Заев и неговите партнери во РЕК Битола, дали да зборуваме за фирмите на Зоран Заев во Петрич, Бугарија, дали да зборуваме за фабриките за марихуана, дали да зборуваме во текот на пандемијата со корона кога луѓе ги изгубија животите, а други се бореа за живот, што се договараше исто една афера за набавка на вакцини по далеку повисока цена од фирма којашто е регистрирана за јужно овошје, или да зборуваме за фирмите на Крмзов коишто во услови на корона и намалена економска активност за 4 месеци имаа поврат на ДДВ од милиони евра.

СДС е синоним за криминал и корупција која допрва треба да се истражи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Правда мора да има“, се наведува во реакцијата од владејачката партија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content