СДС разоткриени, зад Харис Џиновиќ, ДОС, мал Вучиќ стојат советниците на Заев, Башановиќ и Милан Счекич
СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата.
Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС“, потенцираат во соопштението.
Милан Счекич е лице задолжено за креирање на комуникациите, човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Заев е понуден да работи за СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ПР активностите се координирани и водени од Скопје, екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк и од таму го водат центарот за лаги на СДС.
Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи, навреди и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти, аргументи и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор и странски институции спротивно на интересите на државата“ потенцираат во соопштението од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на транспарентност, отчетност и комуникација заснована на вистината и интересот на граѓаните, стои во соопштението.
