Меџити: Пораката на Рамазан Бајрам е мир и солидарност

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство.

Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност.

-Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. Нека овој празник биде момент на зближување меѓу луѓето и извор на надеж и добрина за секое семејство, истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Во својата честитка, градоначалникот Меџити изрази желба овој празник да донесе повеќе хармонија, добрина и единство во општеството, потсетувајќи на значењето на вредностите што нè поврзуваат како заедница.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content