Мисајловски: Стабилна е безбедносната состојба во Македонија, но ценовниот шок со нафтата…

„Ги следиме сите извештаи и она што се случува, мора да ја следиме целата состојба. Мислам дека тоа нашата служба го прави одлично и честопати јас кога говорам гледам она што не е класифицирано, само за тоа да зборувам бидејќи многу детали стигаат. Безбедносната состојба во Македонија сепак е стабилна, но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори. Тоа го кажавме и на Советот за безбедност – со проблемот само со Ормускиот теснец и она што се случува една петина од нафтата што поминува од таму. Сега веќе станува многу сериозно и во околината на сите овие земји, многу земји не може да стигнат до своите танкери, бродови… и тоа многу влијае на пазарот, на економијата и тоа е дел каде што и ние ќе чувствуваме рефлексија и тоа се почувствува. Може да видиме и на бензинските пумпи се случува ценовен шок во делот на покачување на енергенсите и на горивата. Но во зависност од тоа колку ќе трае начинот и рефлекцијата на теренот, така ќе влијае и врз други економски параметри“, потенцира министерот Мисајловски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content